KVANTUM PLUS е програма за лојалност која нуди различни бенефиции за купувачите во Under Armour продавниците, како и на онлајн продавницата UNDERARMOUR.MK KVANTUM PLUS картичката е бесплатна и може да ја добиете за помалку од две минути во Under Armour продавниците или да се регистрирате на kvantumplus сајтот и да ја подигнете картичката во продавница.
Што добивате со KVANTUM PLUS програмата?
- Бонус за добредојде – добивате 5% попуст веднаш на првата сметка по зачленување во програмата
- Бонус со секоја сметка – користете ја вашата KVANTUM PLUS картичка при секое купување и остварете попуст за следното купување
- Колку повеќе купувате – толку поголем бонус добивате – картичката ви овозможува да собирате поени; колку повеќе поени имате, толку поголем попуст добивате. Cashback-от добиен од едно копување може да се искористи во рок од 6 месеци
- Намалено со KVANTUM PLUS – побарајте производи кои се секојдневно намалени само со KVANTUM PLUS картичка
- Специјални понуди – први добивате пристап до намалувања, роденденски изненадувања и многу други бенефиции
Прочитајте ги правилата на KVANTUM PLUS програмата за подетално да се запознаете со сите бенефиции, како и одговорите на најчесто поставуваните прашања поврзани со користење на бенефициите.
КАДЕ СЕ ВНЕСУВА БРОЈОТ НА КАРТИЧКАТА?
Бројот на картичката се внесува во кошничката откако ќе додадете еден или повеќе производи. По внесувањето, потребно е да кликнете на копчето „ИСКОРИСТИ ПОПУСТ“ за да се пресметаат бенефициите.
![]()
КАКО МОЖАМ ДА ВИДАМ КОЛКУ СЕ НАМАЛЕНИ ПРОИЗВОДИТЕ СО KVANTUM PLUS?
Додадете го производот во кошничката, внесете ја вашата картичка во делот KVANTUM PLUS и кликнете на копчето „ИСКОРИСТИ ПОПУСТ“.
![]()
Потоа кошничката ќе се освежи и ќе ја видите намалената цена.
![]()
ДАЛИ ДОБИВАМ ПОЕНИ ВЕДНАШ ПО ВНЕСУВАЊЕ НА КАРТИЧКАТА?
Не. Кога ќе ја внесете картичката и ќе кликнете на „ИСКОРИСТИ ПОПУСТ“, системот само ги пресметува потенцијалните бенефиции.
Поените се резервираат дури кога ќе кликнете на „ПОТВРДИ“ и успешно ќе ја креирате нарачката.
![]()
По 20 дена од креирањето на нарачката (ако не е направено враќање на производите), поените ќе ви бидат достапни.
КАКО МОЖАМ ДА ГИ ИСКОРИСТАМ СОБРАНИТЕ ПОЕНИ?
По купување во продавниците или на веб-продавницата на партнерите, членот добива 1 поен за секои потрошени 100 денари.
Секој поен (бонус), во зависност од статусот на членот, cashback попуст за следното купување и се евидентира на KVANTUM PLUS картичката.