Правила на програмата KVANTUM PLUS
КВАНТУМ СПОРТ УА ДООЕЛ Скопје, со адреса ул. Беласица 2, 1040 Скопје, Северна Македонија е иницијатор на програмата „Kvantum Plus“ (во понатамошниот текст: „Програмата“), издавач на „Kvantum Plus“ картичката (во понатамошниот текст: „Картичката“) и контролор на базата на лични податоци за сите регистрирани корисници на програмата.
Корисник на програмата може да стане секое лице постаро од 18 години со живеалиште во Северна Македонија кое ќе пополни пристапна изјава на едно од продажните места вклучени во програмата. Со потпишување на пристапната изјава, поединецот потврдува дека се согласува со сите правила на програмата. Сите задолжителни податоци во пристапната изјава мора да бидат пополнети, а поединецот одговара за вистинитоста и точноста на сите наведени податоци на сите обрасци поврзани со користењето на картичката.
Партнери на програмата се сите правни лица кои со КВАНТУМ СПОРТ УА ДООЕЛ Скопје ќе склучат договор за заедничка промоција на „Kvantum Plus“ програмата и кои ќе вршат функција на собирање и обработка на податоци во име и за сметка на КВАНТУМ СПОРТ УА ДООЕЛ Скопје. Компанијата го задржува правото во секое време и без претходна најава да ја повлече картичката од употреба и да ги измени или целосно укине елементите на програмата. Актуелните правила и списокот на партнери се достапни на www.kvantumplus.com и во продавниците каде што важи програмата. За секоја измена корисниците ќе бидат известени преку веб-страницата. Доколку корисникот продолжи да ја користи картичката по објавените измени, се смета дека се согласува со нив.
КВАНТУМ СПОРТ УА ДООЕЛ Скопје има намера да собира, евидентира, класифицира, користи, организира и пренесува лични податоци на корисниците, и тоа:
- име и презиме
- датум на раѓање
- телефонски број
- е-mail адреса
- пол
Овие податоци, како и податоците за извршените купувања, ќе се користат за анализа, сегментација, подготовка на персонализирани понуди, истражување на навики, анкети, доделување бенефиции и директен маркетинг. Контакт податоците може да се користат за испраќање промотивни понуди преку SMS, пошта, е-mail и други канали, освен ако корисникот не се изјаснил дека не сака да ги прима.
Личните податоци не се споделуваат со други корисници и се чуваат во централната база на компанијата. Податоците може да се обработуваат од договорни обработувачи и да се пренесуваат на сервери на Hetzner Online GmbH во Германија. Пристап може да има и Omega Business Development d.o.o. од Белград за потребите на системот.
Податоците се чуваат до повлекување на картичката или укинување на програмата, по што трајно се бришат. Картичката не е пренослива и може да ја користи само регистрираниот корисник. Едно лице може да има само една картичка.
Списокот на партнери, начинот на регистрација, собирањето поени и бенефициите се достапни на веб-страницата или во продавниците. За да добие поени или бенефиции, корисникот мора да ја покаже картичката пред плаќање. Накнадно додавање поени не е можно.
Корисникот може веднаш да ги конвертира поените во поврат на средства, при следното купување.
Бодовите на картичката се собираат и користат во рок од една година. На пример, ако корисникот има купено производ на 1.08. во тековната година, бодовите ќе може да ги искористи заклучно со 31.07. следната година. Во случај на прекорачување на временскиот рок, поените се поништуваат. Бодовите освоени преку онлајн купување се додаваат на корисничкиот налог 20 (дваесет) дена од денот на остварената трансакција.
Cashback-от зависи од тоа колку корисникот купува на годишно ниво:
- до 300 поени добивате 2% cashback;
- помеѓу 301 поени и 600 поени добивате 4% cashback;
- над 601 поени, добивате 6% cashback.
Поените на картичката се собираат при секое купување. Поените се акумулираат во текот на една година, а cashback-от, корисникот може да го искористите во рок од шест месеци – по што истекува.
Поените од физички продавници се достапни веднаш, а од онлајн купувања по 20 дена (ако нема враќање). Попустот важи до 6 месеци од конверзијата. По истекот, се брише. Поените истекуваат по 1 година.
Поените не може да се заменат за готовина, а бенефициите не се комбинираат со други попусти. При укинување на програмата, попустите може да се искористат во рок од 30 дена.
Дополнителни поволности:
- „Намалено со Kvantum Plus картичка“
- „Подарок со Kvantum Plus картичка“
Во случај на губење или кражба, корисникот мора да ја блокира картичката во рок од 24 часа. Поените може да се префрлат на нова картичка. Ако не пријави, компанијата не сноси одговорност.
Корисникот може да ги измени своите податоци или да го откаже членството. Компанијата може да исклучи корисник без образложение. За проблеми, достапен е Call центарот.
Секое неовластено користење или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано согласно закон.