UNDER ARMOR FLOW VELOCITI WIND 2 – ПОПАМЕТНИ И ПОБРЗИ ПАТИКИ
Од моментот кога ќе ги облечете патиките Under Armor Flow Velociti Wind 2, ќе знаете дека се нешто посебно.
Уште на првиот тренинг во нив, ќе се уверите дека овие патики се создадени за брзи тркачи и дека апсолутно одговараат на намената, давајќи им можност на тркачите да бидат побрзи.
Амортизацијата што ја обезбедува Flow технологијата веднаш се чувствува, патиките се меки и одзивни, што овозможува многу удобно трчање, но во исто време ве „тера“ да трчате побрзо.
Горниот дел е направен од материјал што овозможува прозрачност, а воедно ги држи стапалата цврсто фиксирани.
Flow технологијата на изработка на ѓонот обезбедува одлично прилепување и на влажни и на суви површини.
Средниот ѓон е дизајниран да обезбеди амортизација и враќање на енергијата без додавање непотребна тежина на патиката.
Друг интересен детал е Bluetooth функцијата со која патиките можат да се поврзат со апликацијата MAPMYRUN, што ни дава целосно право да ги наречеме овие патики паметни. Ваквите технички иновации се сè повеќе прифатени од спортистите, бидејќи им овозможуваат да следат низа важни податоци и да ги анализираат со цел да ги подобрат своите тркачки резултати.
Патиките Flow Velociti Wind 2 ви нудат брзина без никаква жртва - тркачите се заштитени, имаат исклучителна одзивност и „добар ветер во грб“ на секој чекор, на секоја трка, секој ден.